Милан потпиша со дури четворица во последниот ден од преодниот рок!
Главната цел беше напаѓачот Сантијаго Хименез кој пристигна од Феенорд.
Од Монца дојде играчот од средниот ред Варен Бондо. А од Фиорентина пристигна Рикардо Сотил.
Готов е и трансферот на Жоао Феликс од Челси кој пристигнува на позајмица. Само тој не е официјално објавен, но наскоро и тоа ќе се случи.
Од клубот вчера си заминаа тројца играчи, Ноа Окафор во Наполи, Исмаел Бенасер во Марсеј, и Кевин Зероли во Монца.