Милан конечно се ослободи од скапото трансфер - промашување

Лукас Пакета од денеска е нов фубалер на Лион и потпиша договор до јуни 2025 година. Милан ќе инкасира 20 милиони евра од продажбата, што е голема загуба во однос на она што го плати за фудбалерот пред 18 месеци. 

Бразилецот дојде во таборот на „росонерите“ во јануари 2019 година за 38,4 милиони евра од Фламенго, но во ниту еден момен не покажа нешто да го оправда трансферот. Пакета комплетно се загуби во Милан и беше јасно дека ќе биде продаден.

„За нас беше многу важно да направиме еден вака добар трансфер. Сакаме да изградиме силен тим и ова е важен сигнал за клубот. Среќни сме што Пакета е со нас“, изјави претседателот на Лион, Жан-Мишел Ола.

 Пакета во дресот на „росонерите“ одигра 44 натпревари во сите конкуренции и запиша само еден гол.