Михајловиќ го враќа Манџукуќ во Серија А

Тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ со сите сили се обидува да го доведе Марио Манџукиќ во неговиот тим. Првиот голгетер Федерико Сантандар заработи тешка повреда, па на Србинот му треба нов напаѓач. 

Михајловиќ верува дека токму поранешниот хрватски репрезентативец може многу да му помогне на тимот со својата борбеност, искуство и пред сè квалитет, кој несомнено го поседува.

Манџукиќ е слободен фудбалер, откако го раскина договорот со Ал-Духаил уште во јули, по само неколку месеци минати во овој тим од Катар. Претходно Манџукиќ четири сезони го носеше дресот на Јувентус, што значи дека добро го познава италијанскиот фудбал.

Во својата богата кариера голгетерот играше и за Динамо, Волфсбург, Баерн Минхен и Атлетико Мадрид.