Мигрантската криза откажа натпревар на Барселона во Мароко
Барселона требаше на 15 август да настапи во Тангер, каде што имаа закажано „контролка“ против локален тим во рамки на подготовките за новата сезона.
„ФК Барселона ве известува дека пријателскиот меч во Тангер, кој беше закажан за 15 август, нема да биде одигран. Со оглед на моменталната неизвесност и околности, Барселона смета дека не постојат услови за одигрување на натпревар“, соопштија од клубот.
Фото: Barcelona