Меси за час ипол има повеќе голови од слободен од Роналдо за 694 дена

Најдобриот аргентински фудбалер Лионел Меси повторно ја воодушеви светската фудбалска јавност откако против Селта Виго даде хет-трик во тирумфот со 4-1, ама два од трите голови му беа од слободни удари.

И после новата бравура на аргентинскиот виртуоз, повторно се отвори дебатата кој е најдобар на светот – тој или Кристијано Роналдо? А, како за податок, кој јасно веројатно отсликува сè е фактот дека Меси за час и половина колку што трае фудбалски меч постигнал повеќе голови од слободен удар од Роналдо во изминативе 694 дена.

Светската јавност заборави кога последен пат Роналдо има дадено гол од слободен. Веројатно статистиката ќе беше поинаква, ако Арон Ремзи во Москва не му го „украдеше“ погодокот во Лигата на шампионите, иако и тој не е така спектакуларен како погодоците на фудбалската ѕвезда на Барселона.