Меси се најде во непријатна ситуација: Се расипа апаратот за мерење температура (ВИДЕО)

Барселона синоќа полесно од очекувањата го совлада Вилјареал со 4-1 на натпреварот од 34-то коло на Ла Лига.

Каталонците успеаја да извлечат победа и да се задржат на четири бода зад лидерот Реал Мадрид, со кои се уште имаат шанси за одбрана на титулата, иако реалноста вели сосема нешто друго.

Еден од најдобрите на теренот синоќа беше Лионел Меси кој запиша две асистенции. Но, интересна ситуација со Меси се случи пред почетокот на натпреварот. Секој што ќе влезеше на терен мораше да ја измери температурата, а Меси имаше проблеми со апаратот во Де ла Керамика.

Имено, Меси мораше да ја измери температурата неколку пати пред да влезе на стадионот и многумина за момент помислија дека му е покачена. Но, за среќа се покажа дека е проблем со апаратот.