Меси: Не можев да издржам, сакав да си заминам од Барселона

Легендата на Барселона, Лионел Меси изјави дека размислувал да го напушти клубот поради проблемите со даночните власти во Шпанија. 

Аргентинецот во 2013 и 2014 година беше обвинет за затајување данок во висина од 3,5 милиони евра заедно со неговиот татко, па дури и беше осуден на 21 месец суспендирана затворска казна и мораше да плати 250.000 евра.

Фудбалерот вели дека истрагата и целото судење биле голем притисок за него и за семејството.

„Имаше периоди кога бев многу уморен поради околностите. Особено во 2013 и 2014 година, кога го имавм проблемот со даночните власти. Најдоброто нешто беше што моите деца беа многу мали и не разбираа што се случува околку нив, но нас ни беше многу тешко. Во тоа време во мислите сакав да си заминам, не дека сакав да ја напуштам Барселона, туку Шпанија, поради сето она што се случуваше“, изјави Меси за „РАЦ1“.