Меси и Иниеста правеа волшепства против кутрите ривали од Јужна Африка! (ВИДЕО)

Барселона синоќа одигра пријателски натпревар против екипата на Мамелоди, од Јужна Африка. Тоа што победи со 3-1 не е изненадување, дури и не е ни важно во оваа вест, како вниманието кое го доби Андрес Иниеста. 

Секој од последниве натпревари страста беше поголема и поголема, а треба да еруптира в недела, кога Иниеста ќе го одигра последниот официјален натпревар на „Камп Ноу“. Синоќа, на пријателскиот меч со Јужноафриканците ги потсети гледачите колку ќе им недостига. Во една акција, тој се сопна и повторно успеа да издрибла противник, а потоа се надоврза Лионел Меси со една виртуозна минијатура, за на крај Суарез да постигне гол.