Мбапе за една недела ќе си земе 60 милиони од ПСЖ, без оглед дали ќе остане или не!
Според еден од најпознатите спортски медиуми, во клаузулата од договорот на Мбапе, освен рокот до 31 јули да ја активира соработката за уште една година, до 30 јуни 2025 година, има и дека ако на 1 август сѐ уште е член на ПСЖ му следува бонусот за лојалност од 60 милиони евра.
И бидејќи Мбапе е решителен сѐ да одбие за трансфер и да го чека Реал Мадрид, дали до крај на преодниот рок или идното лето да оди како слободен играч, ПСЖ е во тесно, а „кралевите“ играт мангупски сметајќи дека со секој изминат ден цената на фудбалерот за трансфер ќе паѓа, зашто на парижаните сега им се брза за да го продадат и да не го загубат како слободен играч.
Од друга страна, Мбапе ако остане во ПСЖ и не дојде до трансфер летово, од 1 септември ќе може да го тужи ПСЖ, ако се остварат најавите дека ќе седи на трибини или на клупа под казна зашто не го продолжува договорот, а со тоа многу брзо ќе го добие случајот на штета на клубот.
Французинот има понуда од 700 милиони евра за една година од Ал Хилал од Саудиска Арабија, а ПСЖ веќе прифати 300 милиони евра за трансфер што би било светски рекорд, но Мбапе јасно ставил до знаење дека попрво би седел на трибини одошто да оди да игра во С. Арабија.