Мбапе ја реши дилемата: Знам каде ќе играм следната сезона!

Килијан Мбапе и четврта година по ред е најдобар фудбалер во првенството на Франција, а веќе е сигурно дека ќе има можност да оствари и „петарда“, откако самиот потврди дека и следната сезона ќе го носи дресот на ПСЖ.

Без разлика на разочарувачката сезона, со елиминацијата од Баерн Минхен уште во четврт-финалната фаза од Лигата на шампионите, францускиот репрезентативец уште најмалку една година ќе остане во „Градот на светлината“ и ќе се обиде да го донесе во Париз најдрагоцениот европски клупски трофеј.

„Задоволство е и голема чест што го пишувам своето име во историјата на францускиот фудбал. Многу сум среќен во ПСЖ и знам што потпишав пред една година, а со тоа из нам каде ќе играм следната година. Ќе играм во ПСЖ, а планот ми е да го доработам целиот договор“, изјави Мбапе.

Летово сигурно ќе се случи голема реконструкција во ПСЖ, со оглед на речиси сигурните заминувања на Лионел Меси и на Нејмар, што сигурно ќе му остави поголем простор на Мбапе да си направи тим по свој ќеиф, каде што би бил единствена голема ѕвезда, нешто што дефинитивно му пречеше изминативе две сезони. Талентираниот напаѓач има договор со „светците“ до јуни 2025 година.