Мбапе го имитира Леброн Џејмс – во емисија во живо ќе открие каде ќе потпише!

Најбараниот фудбалер на денешницата, Килијан Мбапе, за чиј потпис буквално се тепаа(т) најголемите европски клубови, својот иден клуб ќе го открие во телевизиска во живо, што секако не е оригинална идела бидејќи е копија на тоа што го направи Леброн Џејмс кога во 2010 година премина од Кливленд во Мајами.

Францускиот репрезентативец в недела, во емисијата „Телефут“ на ТФ1 телевизијата, дефинитивно ќе објави каде ќе ја продолжи кариерата. Во преносот тој ќе каже дали ќе остане во ПСЖ или ќе направи транфер во Реал Мадрид и би тргнал по стапките на својот идол Кристијано Роналдо. Договорот на Мбапе му завршува на 30 јуни, а досега упорно ги одбиваше сите понуди на „светците“.

ПСЖ неодамна му достави неверојатна понуда во износ од 50 милиони евра по сезона за двегодишен договор и 100 милини евра бонус при потпишувањето, но најверојатно главна причина за негов трансфер во Мадрид ќе биде поголемата шанса за освојување трофеи.