
Мбапе е пуштен од болница, се врати во базата на Реал Мадрид!
Мбапе беше хоспитализиран поради акутен гастроентеритис, инфекција која предизвикува висока температура, но може да направи и други здравствени проблеми. Поради тоа Французинот мал период помина во болница под надзор на доктори.
Откако неговата состојба се стабилизирала, тој е пуштен од болницата и се вратил во тренинг кампот на Реал Мадрид.
Мбапе ќе продолжи со специфичен медицински третман и постепено ќе им се враќа на активностите. Французинот најверојатно ќе ја пропушти целата групна фаза од Светското клупско првенство.