Мартинез се правда: Не го плукнав Ачерби! (ВИДЕО)

Франческо Ачерби го обвини Ињиго Мартинез дека го плукнал за време на прославата на вториот гол на Интер (2-0), но судијата реши да не му покаже црвен картон на фудбалерот на Барселона.

Мартинез по натпреварот се правдаше дека не го плукнал Ачерби, иако на снимката може да се забележи дека плукна во негов правец.

„Мојата реакција беше непотребна, но не го плукнав него. Ако го направев тоа, ќе добиев црвен картон“, кажа Мартинез.