„Марадона беше насилник и манијак и не ја заслужува мојата почит!“ (ФОТО)

Изминативе неколку дена речиси на сите фудбалски натпревари низ цел свет има минута молчење во чест на Диего Армандо Марадона, кој почина во средата на 60-годишна возраст. 

Една фудбалерка од Шпанија предизвика големо внимание откако за време на минутата молчење, седна на теренот во знак на протест. Според неа, Марадона не заслужува почит, бидејќи се работи за човек кој злоупотребувал жени.

„Пред неколку дена немаше минута молчење за жените жртви на насилство и јас не сакам да му оддадам почит на еден насилник. Одбив да покажам почит, бидејќи тој беше насилник, силувач и педофил. Поради тоа седнав на теренот и го завртев грбот“, рече Паула Депена, фудбалерка на Виахес Интериаса.