Мане ја раскажа тажната приказна од детството: Ќе изградам болница во моето село! (ВИДЕО)

Освен по одличните фудбалски квалитети, Садио Мане е познат и по неговата скромност и хуманост. Иако заработува милиони евра, сепак Сенегалецот секогаш им помага на своите сонародници.

Денеска беше објавен документарен филм, а во него Мане раскажува за животот. Посебно се издвојуваат тешките моменти кои ги поминал во детството поради што решил да направи болница во родното село.

„Имав само седум години. Требаше да играме фудбал кога роднина дојде и ми кажа дека починал татко ми. Му кажав дека се шегува, не можев да го разберам тоа. Му дававме традиционални лекови и беше мирен три до четири месеци, но потоа му немаше спас. Во моето место немаше болница, па моравме да го носиме дури во друго село“, вели Мане.

Две децении подоцна Мане во родното село изгради училиште, а по неколку месеци ќе отвори и болница.

„Сестра ми се роди дома затоа што немаше болница. Тоа беше тажна ситуација за сите. Затоа решив да направам болница и да им дадам надеж на луѓето“, вели Сенегалецот.