Манчестер сити скокна до четврто место, Стерлинг и Де Брајне го решија Фулам (ВИДЕО)

Манчестер сити славеше со 2-0 на домашен терен против Фулам, со што се искачи на четвртата позиција во англиската Премиерлига.

Рахим Стерлинг во петтата минута од мечот постигна гол за водство од 1-0 на „граѓаните“, а потоа изнуди пенал, кој го реализираше Кевин де Брајне за 2-0.

„Граѓаните“ имаат 18 бодови на четвртото место во Премиерлигата, а пред нив се Челси со 19, како и Ливерпул и Тотнем со по 21 бод.