Манчестер сити и Ливерпул без проблеми обезбедија осминафинале во Лига Купот (ВИДЕО)

Англиските гиганти Манчестер сити и Ливерпул се пласираа во осминафинале на Лига Купот, откако денеска избраниците на Пеп Гвардиола триумфираа со 6-1 против Викомб, додека фудбалерите на Јирген Клоп го решија Норич со 3-0.

Викомб постигна гол преку Ханлан во 22. минута за водство од 1-0, но потоа „граѓаните“ почнаа да ја полнат мрежата на гостите, и тоа уште во првото полувреме постигнаа три погодоци преку Де Брајне, Марез и Фоден.

Во вториот дел мрежата на гостите продолжија да ја тресат Торес, Марез и Палмер за конечни 6-1.

Ливерпул без многу мака го реши Норич со два гола на Минамино и еден на Ориги, откако домаќинот во завршницата на првото полувреме промаши пенал.

КПР го елиминираше Евертон на пенали, додека на ист начин пласман во осминафинале обезбеди Лидс против Фулам.

Останати резултати:

Брентфорд – Олдам 7-0
Барнли – Рокдејл 4-1
Вотфорд – Стоук 1-3
Виган – Сандерленд – 0-2