Манчестер јунајтед тргна по две големи ѕвезди на Астон Вила!

Манчестер јунајтед оди на шопинг во Бирмингем, сака да се засили со двајца клучни играчи на Астон Вила.

Се работи за голманот Емилијано Мартинез и напаѓачот Оли Воткинс.

Мартинез имаше емоционално испраќање со навивачите на Астон Вила во последниот меч од минатата сезона, Аргентинецот сака нов предизвик.

Манчестер јунајтед се обидува да го ангажира, но првата понуда им е одбиена од страна на Астон Вила.

Јунајтед почнал разговори со Астон Вила и за напаѓачот Оли Воткинс, но од клубот од Бирмингем добиле одговор дека тоа е клучен играч за нив.

Астон Вила игра тврдо на почетокот од преговорите со Манчестер јунајтед за овие двајца фудбалери, па клубот од Олд Трафорд ќе треба сериозно да го одврзе ќесето за да успее да ги ангажира.