Манчестер јунајтед се ослободи од фудбалери кои ги плати 170 милиони евра
Санчо пристигна на „Олд Трафорд“ од Борусија Дортмунд за 85 милиони евра пред пет години, но левото крило одигра само 83 натпревари и постигна 12 голови и шест асистенции.
Касемиро пристигна пред четири години од Реал Мадрид за 70 милиони евра, а тој остави подобар впечаток од Санчо и настапи на 160 меча, при што постигна 26 погодоци, а асистираше за 14 голови.
Маласија го засили Јунајтед пред четири години од Феенорд за 15 милиони евра, но минатата сезона одигра само 15 минути.
Фото: Facebook/Manchester United