Манчестер јунајтед ќе купува само млади англиски репрезентативци
Според англиските медиуми, планот на Оле Гунар Солшер е зимава и идното лето да се доведат четворица англиски репрезентативци. Најприоритетен е фудбалерот на Лестер, Џејмс Медисон, како и неговиот соиграч Бен Чилвел. Двајцата имаат по само 22 години и пред извесно време добија повик од англискиот селектор Герет Саутгејт.
Најамбициозниот трансфер на Јунајтед е Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд, кој импресионира од натпревар во натпревар. Игра на крилната позиција и би можел да биде идеално засилување за нападот на Солшер. Ако менаџерот успее да ги спои Маркус Рашфорд, Даниел Џејмс и Санчо, тогаш „ѓаволите“ ќе го имаат најбрзиот напад во Европа.
Последен на листата на желби на тимот од „Олд Трафорд“ е Деклан Рајс од Вест Хем.