Манчестер јунајтед го договори првото засилување за следната сезона
„Црвените ѓаволи“ ќе платат 15 милиони фунти за 21-годишниот крилен напаѓач, чиј договор со „лебедите“ истекува во јуни 2020 година. Овој фудбалер требаше да го засили Лидс јунајтед и трансферот веќе беше договорен, но условот беше тимот на Марсело Биелса да избори пласман во Премиерлигата.
Откако тоа не се случи, Манчестер јунајтед реагираше најбрзо и успеа да го договори Џејмс. Својата кариера ја започна во Хал како младинец, а од 2016 година е дел од Свонси. Иако е роден Англичанец тој настапува за репрезентацијата на Велс и веќе има два настапи за сениорскиот тим.