Манчестер Ј. и ѕвездите на тимот застанаа зад Погба по расистичките напади (ФОТО)

Голема бура од реакции предизвикаа неколку навивачи на Манчестер јунајтед, кои го навредуваа Пол Погба на расна основа по синоќешниот нереализиран пенал против Вулфс во рамки на Премиерлигата. 

Веднаш реагираше и Манчестер јунајтед, кој вети дека за такви навивачи нема место во спортот и дека клубот секогаш се залага за еднаквост.

„Манчестер јунајтед има нулта толеранција за било каква форма на расизам и дискриминација“, реагираа од „Олд Трафорд“.

Во одбрана на Французинот застанаа и Маркус Рашфорд и Хери Мегвајер.

„Одвратно. Социјалните мрежи треба да преземат нешто во врска со ова. Секој профил кој е отворен на социјалните мрежи треба да биде верификуван со пасош или возачка дозвола. Запрете ги овие патетични тролови кои прават голем број на профили само за да навредуваат луѓе“, напиша Мегвајер.

„Манчестер јунајтед е семејство. Пол Погба е голем дел од тоа семејство. Ако го напаѓате него, не напаѓате сите нас“, објави Рашфорд на „Твитер“. 

Расизмот на социјалните мрежи станува сериозен проблем, бидејќи нешто слично доживеа и Тами Абрахам од Челси, кој минатата среда утна пенал против Ливерпул во Суперкупот на УЕФА.