Македонецот со најурнебесна изјава на сите времиња потпиша за Сиена (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалски интернационалец, Дени Махмудов, се очекува вечерва да потпише едногодишен договор со поранешниот италијански прволигаш Сиена, кој сега игра во Серија Д.

Станува збор за 30-годишен напаѓач, кој во моментов е без клуб, а кој во минатото првенство настапуваше за ерменски Пјуник. Токму ова е и една од причините за ангажманот во Сиена, со оглед што од неодамна газда на овој клуб е бизнисмен од Ерменија. За Махмудов ова ќе биде 13. клуб во кариерата, што ја почна во холандски АГОВВ. Тој е роден во Велес, а има и холандско државјанство.

Сиена, на почетокот од овој век, шест сезони беше дел од Серија А, од каде што последен пат испадна во 2013 година, а една година подоцна и првпат банкротира. Вториот банкрот им се случи летово, поради што испаднаа од Серија Ц иако завршија на петтата позиција.

Пред пет години беше вистински хит во македонската јавност, поради урнебесната изјава дадена во Софија пред потписот на договорот со Левски. Тогаш тој не се снајде најдобро и не успеа да врзе два збора, ниту, пак, да ги разбере новинарите што го прашуваат.