Македонците ја окупираат Словенија и ја бришат „Северна“ (ФОТО)

Веќе пишувавме за „акцијата“ на македонските навивачи кои во Словенија на рекламните панели ја бришат додавката „Северна“ и објавуваат фотографии на социјалните мрежи. Нов таков бран се случува на ден пред квалификацискиот дуел во Љубљана помеѓу Словенија и Македонија.

„Фалангата“ веќе се упати кон Љубљана, Македонија поддршка ќе има и од „Комитите“ кои вечерва се во Загреб, каде ќе му пружат поддршка на Вардар. Македонските навивачи ја поддржуваат праксата со „бришење“ на „Северна“, како најава пред утрешниот спектакл.


Натпреварот меѓу Словенија и Македонија е на програма утре со почеток во 20:45.