Македонец ја покрил „Северна“ на рекламите за Словенија - Македонија! (ФОТО)

Фудбалската репрезентација на Македонија на 24 март гостува кај Словенија во рамки на квалификациите за Европското првенство 2020, мечот се игра во Љубљана, а денеска се појавија интересни фотографии на интернет.

Во Марибор се појавија реклами за мечот меѓу Словенија и Македонија, а на нив пишува „Нашето срце бие за Словенија“ и нашата држава е претставена со новото име „Северна Македонија“, но еден македонски навивач решил тоа да го промени.

Македонец низ цел Марибор со лепенки и жолта лента ја покрил „Северна“ на рекламите.

ФОТО: Денешен.мк