Лудница во Торино: Стотици тифози на Јуве се собраа за да го видат Роналдо! (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо е движечки магнет за фанови. Доказ се медицинските прегледи во Јувентус, кои беа закажани за денеска. Се собраа стотици, можеби илјада фанови само за да го видат како ќе помине.

Португалецот ги довршува формалностите пред официјално да биде претставен како нов фудбалер на Јувентус. Како што е редот, од медицинските прегледи се прави едно цело шоу, па имаше одредени патеки каде Роналдо ќе помине ќе прокомуницира со тифозите и ќе потпише некој дрес.

А тие - пресреќни. Собрани уште од утринава да фатат што е можно подобра позиција за да го видат новиот лидер на својата омилена екипа.

Роналдо доаѓа од Реал, за трансфер вреден 105 милиони евра, а ќе заработува плата од 30 милиони по сезона.