Ло Селсо ќе продолжи да игра во Вилјареал, постигнат е договор за трансфер од Тотнем

Аргентинскиот репрезентативец Џовани Ло Селсо ќе продолжи за игра за Вилјареал, каде настапуваше во изминатата сезона на заем од Тотнем, откако „жолтата подморница“ и лондончани постигнале договор за трансфер.

Антонио Конте, менаџерот на Тотнем го пречкрта Ло Селсо како еден од шестмината на кои не смета во новата сезона, па лондончани ја прифатиле понудата за трансфер, иако пред десетина дена одбија една како незадоволувачка од шпанскиот клуб – 15 милиони евра плус бонуси.

Според најавите наскоро Аргентинецот ќе ги има лекарските прегледи и официјално ќе биде претставен во Вилјареал. Во минатата сезона тој остави многу силен впечаток со настапите за шпанскиот клуб.