Ло Селсо импресионираше за шест месеци: Тотнем целосно го откупи од Бетис

Џовани ло Селсо изминатото лето дојде во Тотнем како позајмен фудбалер со можност неговиот договор целосно да биде откупен по завршувањето на сезоната, но премиерлигашот не чекаше премногу. 

Лондонскиот тим денеска објави дека Аргентинецот ќе остане во клубот до јуни 2025 година. Ло Селсо сезонава одигра 20 натпревари за Спарс и ги импресионираше со своите настапи во Премиерлигата, Лигата на шампиони и англиските купови.

Ло Селсо пред Бетис играше за ПСЖ, а во Европа дојде од аргентински Росарио.