Ливерпул во чест на Жота ги објави сите голови кои ги постигна за клубот (ВИДЕО)

Поминаа неколку денови од трагичната смрт на фудбалерот на Ливерпул, Диого Жота и неговиот брат Андре Силва во сообраќајна незгода во Шпанија, а премиерлигашот сега реши да ги објави сите погодоци на португалскиот репрезентативец.

Жота беше еден од најдобрите фудбалери на гигантот од „Енфилд“, кој во негова чест ги објави сите голови кои ги постигна за клубот.

Португалецот за англискиот шампион постигна вкупно 65 голови и 26 асистенции во 182 настапи.

Фото: Facebook/Chelsea Football Club