Ливерпул удри без милост: 432 лица добија доживотна забрана!

Англискиот гигант Ливерпул изрече 432 доживотни забрани и 115 забрани на неодредено време поради илегална препродажба на билети.

Полицијата во заедничка акција со клубот успеа да заплени имот вреден над 1,2 милиони фунти, кој е поврзан со организирана препродажба на билети и перење пари.

„Ова е одличен пример за соработка меѓу полицијата и фудбалскиот клуб Ливерпул во интерес на навивачите. Секогаш ќе преземаме мерки за да ги заштитиме правата на навивачите“, кажа главниот инспектор Ник Сафилд.

Ливерпул соопшти дека во претходните две години успеал да исклучи 145.000 кориснички профили поврзани со препродажба на билети.

Фото: Liverpool FC