Ливерпул ги сеири ривалите - во Македонија е помала разликата од првиот до последниот!

Актуелниот европски и светски првак Ливерпул сезонава игра во неверојатна форма со само едно реми во 25 меча во англиската Премиерлига, па со 22 бода предност пред актуелниот првак Манчестер сити само прашање на време е кога „црвените“ ќе ја обезбедат и формално првата шампионска титула по цели три децении.

Ливерпул чека шампионски трофеј од 1990 година, а сега според математиките најрано може да стане шампион на 7 март за четири рунди отсега, ама ќе треба „граѓаните“ да кикснат., додеа во случај на победи – шест триумфи им требаат на ливерпуловци, т.е. до крајот на март.

Колкава е разликата на премиерлигашката табела е доволна ем за фалби, ем за сеир со ривалите. Па така, „Ливерпул Ехо“ ја искористи Македонија и нашата Прва лига, за да ја покаже сета моќ на збраниците на Јирген Клоп.

Така во Македонија разликата од лидерот Вардар до последниот Работнички е „само“ 21 бод. А, Ливерпул во однос на Сити има – 22 бода. За разликата во однос на другите ривали, не треба ни да се зборува.