Ливерпул купи напаѓач за 95 милиони евра, но ќе купува уште еден за 150 милиони!

Англискиот шампион неодамна го потврди Уго Екитике за ново засилување, за него на Ајнтрахт му платија дури 95 милиони евра, но сакаат уште еден играч од офанзивата и тоа уште поскап.

Силно се шпекулира дека Александер Исак од Њукасл би можел ова лето да потпише за црвените.

Исак не ги почна подготовките со Њукасл, а според многумина тој веќе го одигра последниот натпревар за овој тим. Наводно сака трансфер, сака поголем предизвик.

Њукасл ќе се откаже од него само за мега понуда, а тоа е 150 милиони евра.

Ливерпул е подготвен да одвои толку пари и да направи страшно дуо во нападот Екитике-Исак.