Леверкузен ќе го продаде најдобриот фудбалер, ама само за 150 милиони евра!

Најдобриот фудбалер на Баер Леверкузен оваа сезона, Флоријан Вирц привлече голем интерес од европските гиганти кои ќе мора да потрошат многу пари ако сакаат да го добијат неговиот потпис.

Вирц оваа сезона постигна 17 голови и 18 асистенции за „фармацевтите“ во сите натпреварувања, а извршниот директор на клубот кажа дека најдобриот фудбалер може да замине за сума од 150 милиони евра.

„Ние имаме помал буџет од Борусија Дортмунд, Баерн Минхен и останатите екипи. Немаме дополнителни приходи и спонзори, па мора да продаваме квалитетни фудбалери. Вирц е нашиот лидер, а ако некој сака да го купи, тогаш ќе мора да понуди 150 милиони евра“, кажа директорот.