Левандовски ќе бира меѓу Премиер лигата и МЛС-лигата!
„Би-Би-Си“ објави дека Манчестер јунајтед е главен кандидат за потписот на искусниот напаѓач, кој треба да внесе стабилност во екипата и да му помогне во развојот на талентираниот Бенјамин Шешко.
Засега нема конкретни потези од „црвените ѓаволи“, но се очекува во следниот период да испратат понуда за Полјакот.
За услугите на Левандовски се заинтересирани уште неколку екипи, а како сериозен кандидат се споменува Чикаго од МЛС.
Фото: Facebook/FC Barcelona