Леклер ќе стартува од пол-позицијата во Баку

Шарл Леклер беше најбрз на денешните квалификации во Баку за утрешната Формула 1 трка за Големата награда на Азербејџан, разочарувачки настап имаа Макс Ферстапен и Ландо Норис.

Четврта година по ред Шарл Леклер освојува пол-позиција во Азербејџан. Денеска тој имаше најдобро време, а до него во првиот ред ќе стартува Оскар Пјастри од тимот на Мекларен.

Трет заврши Карлос Саинц од Ферари, а на четвртото место Серхио Перез од Ред Бул. Актуелниот шампион, Макс Ферстапен ќе стартува од третиот ред и тоа како шести, петтото место му припадна на Расел од Мерцедес.

Во топ десет се уште и Хамилтон (Мерцедес), Алонсо (Астон Мартин), Колапинто (Вилијамс) и Албон (Вилијамс).

Разочарување на денот беше Ландо Норис кој ќе стартува дури од 17. место.