Лејкерс најде ново засилување: Леброн го „договори“ бившиот соиграч од Кливленд

Американските медиуми пишуваат дека Лос Анџелес Лејкерс ќе се засили со Џеј-Ар Смит, кој соработуваше со Леброн Џејмс и во Кливленд кавалирс.

Во претходните денови клубот преговарал со искусниот кошаркар, кој како слободен агент ќе пристигне во Лејкерс.

Смит не настапуваше од крајот на 2018 година и засега не е познато во каква форма се наоѓа, но сигурно може да помогне на екипата со неговото искуство.

Овој 34-годишен кошаркар во кариерата настапуваше уште за Денвер нагетс, Њу Орлеанс хорнетс и Њујорк никс, а една година помина и во Кина.