Легендарниот Кардозо постигна фантастичен гол - од својата половина (ВИДЕО)

Оскар Кардозо моментално настапува за парагвајскиот Либертад. Легендарниот напаѓач иако има 35 години се уште одлично се држи, а во последниот натпревар за својот тим постигна погодок од својата половина. 

Во квалификацискиот натпревар за Копа Либертадорес, помеѓу Либертад и боливискиот Стронгест, Оскар Кардозо постигна неверојатен погодок. Ривалот ја загуби топката, а спектакуларниот напаѓач „распали“ од педесет метри и постигна одличен погодок.

За потсетување Кардозо најголема трага остави во Бенфика каде што настапуваше од 2007 до 2014 и успеа да постигне 166 погодоци на 288 одиграни натпревари.