Лече го промовираше Николов (ФОТО)

Македонскиот репрезентативец Бобан Николов го засили италијанскиот тим Лече, каде што пристигна од екипата на унгарски Мол Фехервар.

Николов ќе му се приклучи на Леонард Жута во екипата на Лече, која се бори за промоција во италијанската Серија А, а денеска тимот официјално го промовираше македонскиот фудбалер.

Дебито за Николов се очекува во мечот против Емполи, кој е закажан за 24 јануари.

Benvenuto a Lecce Boban #Nikolov #avantilecce

Posted by U.S. Lecce on Thursday, January 21, 2021

Николов ќе биде петтиот македонски интернационалец во Италија, зашто во елитата има тројца Горан Пандев (Џенова), Елиф Елмас (Наполи) и Илија Несторовски (Удинезе), а Жута ќе му биде соиграч.