Леао потврди: Заминувам, но секогаш ќе навивам за Милан!

Рафаел Леао денеска треба да пристигне во Истанбул и да го комплетира трансферот во Галатасарај, неговата приказна со Милан, завршува.

Леао во Милан пристигна во 2019 година, по цели седум години тој го напушта Сан Сиро, следната негова дестинација ќе биде Галатасарај.

„Заминувам, но секогаш ќе го следам Милан. Го сакам Милан и тоа никогаш нема да заврши. Му посакувам се најдобро на Милан по толку многу години, чувствувам дека сум дел од клупската историја“, вели Леао.

Португалецот беше дел од тимот кој ја освои Серија А во сезоната 2021/22.