Лазетиќ во соблекувалната во Црвена Звезда чува икони - и Ибрахимовиќ (ФОТО)

Најновото засилување на Милан, Марко Лазетиќ вчера го комплетираше трансферот од Црвена Звезда вреден четири милиони евра, плус еден милион во бонуси. 

Голгетерот, кој има само 18 години ќе има шанса да учи од својот голем идол Златан Ибрахимовиќ. Интересно е тоа што Србинот во соблекувална на Црвена Звезда во Белград во своето шкафче освен што чувал икони од христијански светци има и фотографија од легендарниот голгетер на „росонерите“.

Очигледно ќе си го оствари својот сон да игра со големиот идол.