Лапорта се скара со Севилја поради - Олмо и Виктор!
Олмо и Виктор не може да играат до крајот на сезоната за каталонскиот гигант, откако таква одлука донесоа Ла Лига и Фудбалската федерација на Шпанија, а во таа одлука помогнаа неколку тимови кои вршеа притисок.
„Барселона реши да ги прекине односите со Севилја. Клубот се реши за таков став и во иднина ќе размислиме за контакт со ривалот“, соопштиле од каталонската екипа.
Олмо минатото лето од Лајпциг пристигна во Барселона за 55 милиони евра и одигра 15 натпревари во првиот дел од сезоната.