Лајпциг слави прв пехар во својата историја (ВИДЕО)

Лајпциг го освои Купот на Германија откако вечерва на пенали го совлада Фрајбург на „Олимпискиот стадион“ во Берлин. 

За „црвените бикови“ ова е прв историски пехар, а донего стигнаа со многу мака, бидејќи речиси цело второ полувреме играа со играч помалку, а добија и втор црвен во продолженијата.

Максимилија Егештајн погоди за водство на Фрајбург од 1-0 во 19.минута. Марсел Халстенберг доби црвен кај Лајпциг во 57.минута, но во 76-тата, Кристофер Енкунку погоди за 1-1. До крајот на натпреварот немаше голови, а мрежите мируваа и во дополнителните 30 минути со тоа што Кевин Кампл заработи втор жолт картон во редовите на Лајпциг во 119.минута.

Во пенал рулетот, фаворитот славеше со 4-2 и стигна до трофејот.