Лацио со „петарда“ ја испрати Монца, Каљари се радуваше против Парма (ВИДЕО)

Фудбалерите на Лацио со убедливи 5-1 славеа победа над Монца која е се поблиску до преселба во Серија Б.

Лацио не дозволи изненадување и заслужено славеше победа над тимот кој е последен на табелата во првенството. Посебно доминантни домаќините беа во второто полувреме кога постигнаа четири гола.

Резултатот го отвори Марушиќ во 31. Минута, а во вториот дел во листатан а стрелци се запишаа уште: Кастељанос, Деле Баширу и Педро кој постигна два гола. Голот за утеха за Монца го постигна од пенал, а беше дело на Сенси.

Во вториот натпревар Каљари освои важни три бода во битката за опстанок и со 2-1 славеше над Парма. Вољиачо си постигна прво автогол за потоа Коман да зголеми на 2-0, единствениот гол за гостите беше дело на Леони.