Ла Лига ќе го казни Меси зашто ги викна другарите на гости (ВИДЕО)

Раководството на шпанската Ла Лига отвори истрага и соопшти дека најверојатно ќе го казни Лионел Меси, но и останатите фудбалери на Барселона затоа што организирале забава во вилата на Аргентинецот.

Меси ги повика сите соиграчи да ја прослават победата од 3-2 против Валенсија, а притоа ги прекршил правилата според кои е забрането собирање на повеќе од шест лица.

Оваа ситуација е различна од таа со фудбалерите на Атлетико пред неколку дена, зашто тие ја најавиле нивната забава и оставиле други потребни информации на Ла Лига.

„Фудбалерите на Атлетико ја известија лигата и клубот за бројката на учесници, каде и што ќе се прави и така ги испочитуваа правилата. За оваа забава на Меси дознавме од медиумите и тоа не е добро“, соопштиле од Ла Лига.