Ла Лига ептен ги налути навивачите на Реал Мадрид и на Барселона!

Раководството на шпанската Ла Лига денеска го објави терминот на одигрување на првото вечно дерби помеѓу Реал Мадрид и Барселона сезонава и истовремено ептен ги налутија навивачите на двата тима.

Првото „Ел Класико“ е закажано за 24 октомври во 16.15 часот, односно во пладневниот термин, кој воопшто не е популарен кај шпанските фудбалски вљубеници дури и кога станува збор за викенд. Причина за ваквата одлука е задоволување на носителите на телевизиските права од Азија, кои плаќаат големи пари и кои сакаат нивните клиенти да ја следат мега-пресметката во нормална саатница.

Овој дуел, воедно, ќе биде прв помеѓу најголемите ривали што ќе се игра пред публика по едноипол годишна пауза. Последното „Ел Класико“ пред полни трибини се одигра лани на почетокот на март.