Куман е пред отказ: Лапорта избра нов тренер за Барселона

Барселона синоќа освои еден бод против Кадиз и тоа предизвика нови критики на сметка на тренерот Роналд Куман, кој се наоѓа под голем притисок и наскоро најверојатно ќе добие отказ.

Каталонскиот клуб направи големи промени ова лето, а младите фудбалери не можат да го заменат искуството на останатите во тимот на Куман, па затоа стартот на сезоната не беше најдобар.

„Мундо Депортиво“ пишува дека Жоан Лапорта го загубил трпението со Куман и дека сака да му даде отказ. А покрај за лошите резултати, Лапорта е лут поради испадите на тренерот во јавност и поради тоа сака да стават крај на соработката.

Како нов тренер на Барселона се споменува легендарниот фудбалер Чави Ернандез, кој во моментов работи во Катар.