„Кралевите“ на колена на Мајорка: Трајковски доби минутажа (ВИДЕО)

Мајорка на македонскиот репрезентативец Игор Трајковски дојде до сензационална победа од 1-0 против Реал Мадрид во рамки на 9.коло во Ла Лига. 

Првиот пораз на „кралевите“ во домашниот шампионат им го нанесе Жуниор Лаго со гол постигнат уште во седмата минута. Гостинот и покрај притисокот и шансите не можеше да ја смести топката во мрежата на домашните.

Работите да бидат полоши за Реал ги направи и Алваро Одриозола, кој заработи црвен картон во 74-тата минута. Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски влезе во игра во 81-та минута.

Очигледно беше дека без Рафаел Варан, Дани Карвахал, Тони Крос, Лука Модриќ и Герет Бејл, гостинот не може да биде конкурентен. Реал Мадрид сега му го препушти првото место на табелата на својот најголем ривал Барселона.