Крај на уште една епизода: Стерлинг си заминува од Феенорд
Стерлинг пристигна во Холандија со големи очекувања, но настапи само на шест натпревари и запиша една асистенција, односно се покажа како големо промашување за Феенорд.
Англичанецот беше во голем пад во формата, поради тоа што беше исфрлен од првиот тим на Челси и долго време немаше настап.
Стерлинг претходно во кариерата играше и за Арсенал, Манчестер сити и Ливерпул.