
Крај на една ера: Гасперини по седум години си оди од Аталанта
Според најавите на безмалку сите спортски медиуми во Италија, Гасперини е многу близу до заминување откако во 2016 година го презема тимот од Бергамо, а изгради екипа која играше најубав фудбал на Апенините, стигна до две финалиња во Купот на Италија, а еднаш беше дел и од Лигата на шампионите.
Под негова палка, Аталанта е 28-ма на УЕФА-листата на најдобри клубови според клупскиот рејтинг, како доволен показател каков гигант изгради 65-годишниот Гасперини, кој се поврзува со клупата на Јувентус, Милан, Наполи и Рома, ако Жозе Мурињо си замине од вечниот град.