Ковид-19 го одложи Евро 2020 и баражите, па Ирците му удрија клоца на селекторот!

Четири месеци порано од предвидениот договор, Република Ирска се реши да му даде отказ на актуелниот селектор Мик Мекарти, откако пандемијата со коронавирусот го одложи Евро 2020 за идното лето од 11 јуни до 11 јули.

Мекарти имаше договор со федерацијата на Ирска до завршување на Евро 2020, а шанса за да преживее беше баражот за пласман, кој двапати е одложуван, а во кој требаше да игра и Македонија.Но, во федеацијата, кога практично УЕФА го одложи континенталниот собир, не чекаа многу за да му удрат клоца. Му врачија отказ на Мекарти побрзо од предвиденото и воопшто немаа намера да чекаат да заврши договорот.

Во ек кога нема никакви репрезентативни активности, а сите тие се одложени најмалку за септември, Ирците пресметале дека е непотребно да го чекаат истекот на договорот и предвреме ја прекинале соработкатата. Нов селектор сега е Стивен Кени, бившиот селектор на младата репрезентација.

Кени сега ќе ја подготвува селекцијата за пресметката со Словачка во плејофот од Лигата на нации, а потоа и за финалето и евентуалното обезбедување на виза за континенталниот собир низ Европа.